Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

(Видео) „Бајрон“ поплави делови од Грција, училиштата денеска остануваат затворени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-library4n6q59purqebfn13iQu
YouTube/Print Screen

Бурата „Бајрон“, ги опустоши источните и јужните делови на Грција. Според наводите на „Катимерини, автопатот Атина – Коринт утрово беше затворен во еден дел поради свлечишта и насобрана вода.

— реклама —

Обилните дождови доведоа до поплавување и на други патишта, додека дрвја паднаа во неколку области.

— реклама —
— реклама —

Грчките власти донесоа одлука училиштата денеска да останат затворени.

Одлучуваме врз основа на научни податоци и не преземаме никакви ризици“, изјави регионалниот гувернер на Атика, Никос Хардалијас, пренесува Катимерини.

Тој рече дека одлуката за затворање на сите јавни и приватни, основни и средни училишта е донесена по консултација со цивилната заштита и Министерството за образование.

Во областа источен Мани и општина Евротас, издадени се предупредувања поради лизгање на земјиштето и обилни врнежи од дожд, додека на делот од националниот пат Спарта – Гитео, сообраќајот е целосно во прекин, откако патот е поплавен на повеќе места, а сообраќајот е привремено пренасочен преку заобиколни патишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycgibi31mqv3dbHC7XhA

(Видео) Бурата Нилс ја парализираше југозападна Франција: Стотини илјади без струја, има загинати

Свет | пред 1 месец

sneg-amerika

Апокалипса во САД: Најмалку седум загинати, повеќе од 860.000 домаќинства без струја, откажани 12.000 летови

Свет | пред 1 месец

media-library3ris6de2hrpl08pK26C

(ВИДЕО) Бура го парализира САД: Вонредна состојба и предупредувања за над 140 милиони луѓе

Свет | пред 1 месец

media-libraryjghknjvle3nibw7l0yg

Прогласена вонредна состојба во Глифада по разорната бура

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања