Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Прогласена вонредна состојба во Глифада по разорната бура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-libraryjghknjvle3nibw7l0yg


Прогласена е вонредна состојба во општина Глифада, на јужниот брег на Атина, по разорната бура што ја зафати областа , при што загина 56-годишен пешак кој бил однесен од надојдените води и останал заглавен под автомобил.

Според одлука на Министерството за внатрешни работи, ќе бидат одобрени итни финансиски средства за општината, со цел да се процени обемот на штетите на улиците и инфраструктурата и да се пристапи кон неопходните санации.

— реклама —

„Она што го доживеавме е нешто што ниту јас, ниту најстарите жители на Глифада некогаш сме го виделе“, изјави градоначалникот на општината, Ѓоргос Папниколау.

— реклама —
— реклама —

„Од синоќа сме постојано на терен и непрекинато работиме“, додаде тој.

— реклама —

„Досега отстранивме не знам колку камиони полни со камења и секаков отпад. Освен карпи, извадивме и тоалети и мијалници – сè што можете да замислите се симна од планината“, истакна градоначалникот, посочувајќи дека нелегалното фрлање отпад дополнително придонело за поплавите со затнување на коритата на потоците.

Во изјава за „Катимерини“, жителите на оваа крајбрежна општина велат дека поплавите отсекогаш биле проблем во ова подрачје, но дека состојбата дополнително се влошила поради неконтролираното ширење на урбаните зони и серијата шумски пожари на планината Имитос.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

evn-rabotnici

Се претставувале како електричари и ограбувале домови: Четворица уапсени во Грција

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-library8btf7qj004gjaE20JAc

Земјотрес со јачина од 4,6 степени го погоди Халкидики

Балкан | пред 3 дена

police_457542992-1-1021x580

Шест мигранти осомничени за напад и силување во Солун, жртвата ја фрлиле во морето

Балкан | пред 4 дена

bura-696x391

Црвен аларм во девет области во Грција поради силни бури и обилни врнежи

Балкан | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања