Промени тема
Контакт

Бакраческа: ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност во здравството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
image-29-06-20-12-43

На Охрид и Македонија им е потребно квалитетно и модерно здравство. Затоа ВМРО-ДПМНЕ се обврзува на подобрување на кадровската екипираност во здравството. Се обврзуваме за континуиран раст на платите на лекарите, стоматолозите, средниот медицински персонал и техничкиот и административниот персонал. Предвидуваме континуиран раст на вредносната капитација кај матичните лекари и стоматолози, како и ревизија на медицинските и стоматолошките пакети; рационализирање на работното време на матичните лекари, зголемување на ефикасноста и ефективноста како и оптимизација на процесите со помалку администрација. Ќе ја коригираме казнената политика, која ќе се пресметува како процент од личниот доход. Временската рамка е 5% во 2022 година и 5% во 2023 година, истакна на денешната прес-конференцијата на Д-р Грација Бакраческа, кандидат за пратеник во ИЕ5.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за ревидирање и проширување на мрежата за секундарна здравствена заштита кај медицинари и стоматолози. Предвидуваме зголемување на основната капитација за осигурено лице кај матични лекари и стоматолози. Ќе го подобриме моделот на плаќање на избраниот лекар и стоматолог.

Веднаш по доаѓањето на власт на Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Министерството за здравство ќе пристапи кон изработка и реализација на програма за континуирана медицинска едукација со бесплатни едукации и пренос на знаење на здравствените работници, стоматолозите и фармацевтите.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за решавање на проблемот на специјализантите со утврдување на достоинствена минимална плата на специјализантите и платени дежурства; кариерен план и план за специјализација, преку кој ќе се подобри преносот на знаење со менторство; ќе се подобрат условите во установите каде што се врши специјализацијата; бесплатна имунизација за специјализантите и студенти на медицина во втората половина од студиите. Ќе се обезбеди вработување за тројцата најдобри студенти од секој медицински факултет во земјата. Ќе се стимулираат и кофинансираат нови ПЗУ водени од млади лекари.

— реклама —

На здравството му е потребна обнова за поефикасна борба со коронавирусот.

— реклама —

За изборот на 15 јули граѓаните се едногласни. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија.

Бројот 14 за потполна верба во јавното здравство.

— реклама —

14 затоа што најважно е здравјето на граѓаните.

14 за обнова на Македонија, истакна Бакраческа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 2 години

— реклама —
naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 6 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 6 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања