Промени тема
Контакт

Бакрачески: „Почивај во мир мој пријателе, твоите дела ќе траат вечно“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bakraceski

Твоите дела ќе траат вечно, поранешниот градоначалник на Охрид, д-р Никола Бакрачески на својата официјална страна напиша емотивна порака, како последно збогум за својот како што пишува другар од школски клупи, комшија, долгогодишен пријател и човек на кого му го предаде „клучот“ од Охрид, прерано починатиот градонаачлник Јован Стојаноски.

„Го познавав Јован уште од детство. Ги делевме школските клупи во исто основно и средно училиште. Бевме и комшии и долгогодишни пријатели. Го дочекав во градоначалничкиот кабинет при примопредавањето на функцијата. Имавме мошне срдечен разговор. Си спомнавме за многу моменти од детството и младоста. Му посакав успешен градоначалнички мандат. И беше успешен. И беше впечатлив. За жал на сите нас, заврши пребрзо . Но беше успешен и во својата професија како професор , а и како советник во градскиот совет. Својата одмереност, ненаметливост и внимателнист ја споделуваше и пренесуваше на охриѓани како универзална човекова вредност. Негуваше исклучително високо ниво на политичка култура и традиционални општествени вредности. Охрид и охриѓани изгубија многу повеќе од добар, коректен и успешен човек.

— реклама —

Почивај во мир мој пријателе.

Твоите дела ќе траат вечно.

— реклама —

— реклама —

По повод смртта на Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, изразувам длабоко сочувство до неговото семејство и до граѓаните на Охрид“, напиша Никола Бакрачески - поранешен Градоначалник на Охрид.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања