Бараме итни субвенции од Владата - општините се со наследени долгови и зголемени трошоци, алармира ЗЕЛС

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
MAD_1584

Општините се сеуште зависни од Владата поради нискиот степен на децентрализација, во меѓувреме бараме Владата да донесе план за субвенционирање на општините коишто на седница на Управен одбор на ЗЕЛС заклучивме дека се соочени со наследени долгови, големо задолжување и зголемени трошоци. Ова е една од одлуките на Втората седница на Управниот одбор на Заедницата на едниците на локална самоуправа каде се разговараше за проблемите поврзани со набавка на електричната енергија, со која се соочуваат општините и изнаоѓање на решение за настанатите проблеми.

— реклама —

Претседателката на ЗЕЛС и градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција истакна дека градоначалниците во најголем број истакнале дека општините се со затекнати долгови кои значително го оптоваруваат буџетот, а со енергетската криза дополнително состојбите стануваат алармантни и е потребна итна реакција на Владата.

— реклама —

„Со сегашната состојба и нискиот степен на децентрализација, општините немаат финансиска независност. ЗЕЛС ќе бара измени на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа со цел да се подобри фискалниот капацитет и да се зголемат приходите на општините преку сериозно зголемување на стапката на дотацијата од ДДВ и персоналниот данок на доход, од кои во овој момент многу мал процент оди во локалната самоуправа. ЗЕЛС бара Владата да донесе итен план за помош на општините за време на енергетската криза. Општините имаат сериозни финансиски проблеми и потребна е итна реакција на Владата со јасен план за помош на единиците на локалната самоуправа„, вели Арсовска.

— реклама —

Таа додаде дека зголемувањето на цената на електричната енергија и цените на природниот гас дополнително ја комплицира крајно сериозната ситуација во којашто се наоѓаат општините. Како дополнителен проблем вели Арсовска, се јавува едностраното раскинување на договорите од страна на снабдувачите со електрична енергија, со што сметките за електрична енергија се зголемени и за повеќе од пет пати.

Арсовска посочи и дека сметките за електрична енергија во општините се драстично зголемени, со што се доведува во прашање ликвидноста на буџетите и одлевање на значителна сума од онаа наменета за потребите на граѓаните на потребите за електрична енергија, а тоа е товар кој општините не можат да го понесат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања