Промени тема
Контакт

Барањето на власта да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е доказ дека сме заробена држава, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
vmro_dpmne

Барањето на власта за навреда да одговара секој кој што ќе искаже негативно мислење е уште еден доказ дека Македонија е заробена држава, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на СДСМ и ДУИ уште еднаш докажа дека се хибриден режим и ќе казнуваат за искажана критика и негативно мислење. Тоа само покажува до каде се отидени и забегани од реалноста.

— реклама —

Да потсетиме дека во 2019 година истата влада на заевизмот, по насоки на Заев и Спасовски тогаш подготви предлог закон со кој се ограничуваше правото на протест, па забрануваа протести пред седиштата на органите на државната власт и просторот околу нив. Ова значеше дека доколку некој сака да протестира за лошата политика на владата или некое министерство, тоа треба да го прави на некоја ливада надвор од градот.

Сега истата власт на Заевизмот бара да се забрани негативно мислење искажано против власта.

— реклама —

Со вакви измени на Законот за граѓанска одговорност ќе се направи закон кој не постои ниту во Северна Кореја и претставува спроведување на неофашизам од страна на власта.

— реклама —

Очигледно дека Ковачевски, пиунот на Зоран Заев не сака да трпи кога народот го критикува во ситуација кога народот нема ни за леб, а државата тоне во економска, здравствена и енергетска криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања