Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки
„Претрес“ на Трифун Костовски: Нова партија, пропадната банка, масонство, старите пресметки

Барцокас за играта на Панатинаикос: „Удираат по рацете, влечат за дресови...“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Спорт
media-libraryj86c7pg9oifl9HKv3cS

Тренерот на Олимпијакос, Јоргос Барцокас, ги изнесе своите впечатоци на прес-конференцијата по поразот на неговиот тим од Панатинаикос во вториот натпревар од финалето на грчкото првенство.

Панатинаикос победи со 68:58 и изедначи во серијата на 1:1.

— реклама —

Барцокас истакна дека неговиот тим одиграл под очекувањата и направил многу грешки, особено во нападот, каде што, како што рече, избрзувале и се оддалечиле од својот стил на игра.

„Честитки до Панатинаикос, победија заслужено благодарение на начинот на кој играа во второто полувреме. Ние правевме сè што не требаше да правиме. Влегувавме во избрзани напади, ја сфативме играта премногу лично и почнавме да играме кошарка која не е во согласност со нашите принципи, што доведе до голем број грешки“, изјави Барцокас.

— реклама —

Тој додаде дека очекувале реакција од Панатинаикос и дека станува збор за квалитетен тим кој одговорил на предизвикот.

„Ова беше втор натпревар од серијата и очекувавме реакција. За да победиш во ваква атмосфера, мораш да ги наметнеш своите принципи. Ако играш поинаку, ќе ја платиш цената“, рече тренерот на Олимпијакос.

Барцокас се осврна и на грубата игра на противникот.

„Тие кога играат удираат по рацете, влечат за дресови, и тогаш мораш да одговориш со повеќе додавања и да ја разоткриеш нивната одбрана. Тоа го правиме на тренинзите, но денес не останавме верни на тоа“, заклучи Барцокас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања