Беџети возвраќа: „Пријавата за 1,7 милиони евра е политичка конструкција на Мицкоски за притисок врз ДУИ“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, денеска остро ја отфрли кривичната пријава што Управата за финансиска полиција ја поднесе против него и уште неколку лица. На прес-конференција во Собранието тој оцени дека целиот случај е „монтиран, политички мотивиран и без правна основа“.

— реклама —

Според пријавата, Беџети се товари за наводна проневера од 108 милиони денари преку измислена постапка за урбанизација, лажна дозвола за градба и спроведување „технички преглед“ на бесправно подигнат објект во селото Глумово.

— реклама —

Беџети возврати дека ова е дел од, како што ја нарече, координирана офанзива под режија на премиерот Христијан Мицкоски, со цел да се врши притисок врз пратениците на ДУИ за промена на парламентарното мнозинство.

— реклама —

„Не постои пратеник од ДУИ што ќе се исплаши од притисоци. Пријавата е неоснована и политички мотивирана“, изјави тој.

Тој објави дека ќе поднесе кривични пријави против директорот на Финансиската полиција Слободан Ивановски, заменик-директорот Илбер Имери и уште двајца вработени во институцијата, обвинувајќи ги дека се дел од „организирана група која спроведува политичка хајка“.

Беџети ги негираше и наводите дека дозволата за градба била издадена без валиден Детален урбанистички план. Според него, ДУП-от бил донесен во време кога тој ја водел општината Сарај, а во владата и Град Скопје раководните позиции ги имале претставници од ВМРО-ДПМНЕ.

„Има важечки ДУП. Законот за градење дозволува одобрение врз основа на урбанистички план или урбанистички проект. Тука нема ниту штета, ниту еден денар загуба за општината. Станува збор за политички конструирана приказна за медиумски ефект,“ додаде тој.

На крајот Беџети упати порака до власта:
„ДУИ нема да биде скршена. Ниту еден наш пратеник нема да премине во ВЛЕН. А најмалку јас.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryp16boqiv94am7VaOnXT

Блерим Беџети од ДУИ: 600 евра не се луксуз, туку услов за нормален живот

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryeajdf2kqgpndeEl5is8

Градежна компанија во сопственост на децата на Блерим Беџети е под лупа на Антикорупциска, не била пријавена во имотниот лист

Македонија | пред 1 месец

media-librarybu4e53r4dcbq73NP25b

Кривична за Блерим Беџети и вработени во Сарај и Град Скопје - ги сомничат за злоупотреби со градежни документи

Скопје | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања