Фатмир Дехари дозволил пожарникари во Кичево да работат без задолжителни сертификати, поднесена кривична пријава за несовесно работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д. (51) од кичевското село Србица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ по член 353 од Кривичниот законик.

— реклама —

Тој, во својство на градоначалник на Општина Кичево, несовесно постапувал при извршување на своите законски овластувања дадени со Законот за локалната самоуправа и спротивно на Законот за пожарникарство.

— реклама —

Пријавениот, од 2016 година, секоја година, со одредени лица склучувал договори за вработување во Територијалната противпожарна единица Кичево и по истекот на една година од нивното вработување, не извршил должен надзор, пропуштил да им го прекине работниот договор и дозволил истите да не се стекнат со соодветен сертификат за квалификација како пожарникари, издаден од надлежен Државен орган, за јавноста и медиумите предмалку соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

kasami-2

Касами: Дехари на Кичево и кичевци им донесе само дегенерирање, рушење и ништо добро, не можам да поддржам таков кандидат

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

АФЖ - Левица бара казна за Дехари: Остро го осудија сексуалното малтретирање што го вршел кичевскиот градоначалник

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

Дехари е симбол на понижување и сексуална злоупотреба на жените, ДУИ го прикрива срамот, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygsh79dl02ng9fHtnOUf

Морале да го бакнуваат и да му седнуваат во скут, по скандалозните аудо снимки за Фатмир Дехари: „Тој е срам за сите жени во Македонија“, реагира Ангелова

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања