Припадниците на Министерството за внатрешни работи во Белград го уапсија О.Ж. (37), по кого е распишана потерница за издржување затворска казна за сторено кривично дело убиство на територијата на Република Македонија, соопшти МВР.
Постапката против О.Ж., на барање на Министерството за правда на Македонија, а согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлена на српските правосудни органи.
O.Ж. е изведен пред Вишиот суд во Белград.