Бејли за „Гласот на Америка“ : Договорот од Преспа - најзначаен настан , а според него одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
dzes-bejli12-620x336

Според Амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, најзначајниот настан во изминатата 2018 година за Македонија бил Договорот од Преспа . Тој во интервју за „Гласот на Америка“ тој посочува дека сè се сведува на храбро лидерство на двајцата премиери, Зоран Заев и Алексис Ципрас.

— реклама —

-Тие покажаа голема храброст, трпеливост, решителност и посветеност на решавањето на долгогодишниот спор. Ние, исто така, видовме храбро лидерство и во Собранието, кога пратениците гласаа за да се започне процесот на уставни измени, тргајќи ги настрана партиските интереси, во потрага по посветла иднина за Македонија и нејзините граѓани. Лидерите во Грција и во Македонија кажуваат дека овој Договор е од нивен суштински национален интерес, тој ќе доведе до безбедност и просперитет, како во двете земји, така и во регионот, истакна амбасадорот Бејли.

За законот пак за амнестија , Бејли вели дека бил донесен низ транспарентен и демократски процеси.

— реклама —

- Одлуката на Собранието да усвои Закон за амнестија е важна политичка одлука, усвоена низ еден транспарентен и демократски процес, што беше поддржан од големо мнозинство пратеници. На крај, мислам дека тој ќе се оценува според тоа дали успеал да изгради национален консензус потребен за да се реализира желбата на мнозинството граѓани за членство во НАТО и во ЕУ, процес што ќе го зајакне владеењето на правото во земјата – порачува Бејли.

Тој додава дека одговорност треба да има за оние кои го организираа упадот во Собранието.

-Ние сметаме дека е важно, оние кои ги организираа нападите на 27 април, да бидат земени на одговорност за своите постапки. За време на целиот овој процес, судството мора да остане независно од политички влијанија и слободно да решава за овие случаи врз основа на факти и закони, истакнува Бејли.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања