Беким Незири од ДУИ нема намера да бега, вели негивот адвокат Еленко Миланов кој оваа теза ја презентираше и пред медиумите. Според него упадот не бил во контролната кула на летови. Но не кажа дали настанот е сепак во истата зграда, но во друга канцеларија.
„Сака да го докаже она што реално се случило, во кое што тој нема никаков допринос. Тој настан се случува зад неговиот грб, од други лица, без негово учество“, кажа Миланов.
Според адвокатот, во зградата на М-НАВ не влегле лицата кои тепале контролори.
Претходно:
(Видео) Беким Незири дојде во суд, овојпат без лисици, со рацете во џеб и двајца адвокати - ќе се одлучува за притворот
Беким Незири од ДУИ, кои според истрагата ги пуштил тепачите во М-НАВ дојде во Кривичниот суд заедно со неговиот адвокат Еленко Миланов. За разлика од минатиот пат кога беше донесен со полиција и лисици на рацете, овојпат, дојде со свое возило, па сам влезе во судот.Кривичен денеска ќе одлучува по жалбата на обвинителот, кој бара да се одреди мерка притвор за Незири, но и за тепачите кои влегоа во зградата на контролата на летање.Незири влезе во судот без да каже ниту збор за медиумите.Претходно:
Македонија | пред 2 години