Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Беким Сали ја зеде функцијата од Филипче и веднаш кажа што ќе работи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
272000827_492862538863648_6639878274329968129_n

Беким Сали од Алтернатива ја превзема функцијата минитер за здравство. Тој вели дека е свесен за одговорностса која ја има.

— реклама —

„Предизвици во здравството постоеле отсекогаш и јас, како министер, ветувам дека силно ќе се посветам на заложбите да го пополнуваме јазот меѓу здравството какво што е и здравството какво што сакаме да биде. Ќе продолжам таму каде што застанале моите претходници, уважувајќи ја нивната работа, но и детектирајќи го она што допрва треба да биде адресирано. Ќе сторам се’ што е во моја моќ здравствениот систем да биде што помалку ранлив, а што повеќе издржлив на предизвиците со кои се соочуваме и со оние со коишто допрва би се соочувале. Создавањето силен здравствен систем за мене претставува добро и сеопфатно дефинирање на проблемите и системските недоследности и координиран и навремен пристап околу решенијата. Приоритети во мојата работа како министер ќе бидат, пред се’, превенцијата и еднаквиот пристап до квалитетни здравствени услуги, зголемувањето и зајакнувањето на капацитетите во здравствениот систем и доброто раководење со нив, како и координацијата и конзистентноста во унапредувањето и спроведувањето на политиките на работа. Освен тоа бескомпромисно ќе се залагам за подобрување на статусот и условите во коишто функционираат здравствените работници и медицинскиот персонал“, вели Сали.

— реклама —

Тој додава: „Во сево ова клучна е координацијата и соработката на сите нивоа и со сите релевантни чинители. Работејќи заедно ќе си помогнеме и себеси и на граѓаните. Во ниту еден момент не смееме да заборавиме дека зад секоја статистика се наоѓаат граѓаните, коишто се најдиректно засегнати од она што се случува во здравството.

Мојата работа ќе ја вршам максимално транспарентно, одговорно и со отворен пристап во комуникацијата со јавноста, а пред се’ со вас медиумите, кои што играте клучна улога во правилното, навремено и урамнотежено известување на граѓаните“.

— реклама —

Ексминистерот за здравств, Венко Филипче, му посака среќа.

— реклама —

„Функцијата министер за здравство му ја предадов на д-р Беким Сали. Му посакувам успех и среќа во извршувањето на функцијата. Верувам дека ќе одговори на предизвиците кои ги наметна ковид пандемијата, но и на останатите сегменти од здравството. Верувам дека и во негов фокус ќе бидат грижата за пациентите, здравствените работници и транспарентноста кон медиумите“, вели Филипче.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања