Министерот за економија, Крешник Бектеши, најави дека следуваат преговори со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид-тестовите.
„Ќе бараме од нашите соседи, и европските држави да ги прифатат таканаречените ковид-пасоши од нашата држава“, вели Бектеши.
Бектеши, овојпат, не ја исклучи можноста за преговори со Грција за претстојната сезона.
Бектеши денеска рече дека негова обврска како министер за економија е да го поттикнува туризмот во рамките на нашата земја.