Промени тема
Контакт

Бектеши одговори дали ДУИ ветува вработувања за да добие гласови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
24032020_ME_Bekteshi_pres-konferencija

Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конфернеција, коментирајќи ги изјавите на пратеникот Зекирија Ибрахими од Алтернатива за Албанците околу распределбата на секторите во Град Скопје, истакна дека Демократската унија за интеграција „ветува проекти, а не директорски позиции“.

— реклама —

– Околу изјавите на Ибрахими за распределбата на секторите во рамки на Град Скопје, доколку добие независната кандидатка, дека тие во тој случај имале некаков договор да раководат со „Комунална хигиена“ и мислам ЈП „Паркови и зеленило“, сакам да кажам дека ДУИ на изборите на 17 октомври излезе со програма за тоа што им нуди на граѓаните. Ние на граѓаните им нудиме програма, нудиме услови како да се подобри нивниот живот, а не дали одреден функционер од ДУИ би бил директор на некоја институција, потенцираше Бектеши.

— реклама —
— реклама —

Тој, изјавите на Ибрахими ги оцени како несериозни и, како што рече, тоа го утврдија и граѓаните на 17 октомври кога ДУИ во делот на листата на советници доби 26 000 гласови во однос на Алијансата за Албанците, за која, како што рече, не знае дали надминала 11 000 гласови „што би можело да биде резултат 3:1“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања