„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Бектеши: Откриени неправилности кај три компании за увоз на мазут

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bektesi

Кај три компании се утврдени неправилности во делот на исполнување на стандардите за увоз на мазут и веќе се вратени неколку цистерни со мазут од страна на Царинска управа за неисполнување на стандардот согласно Правилникот за квалитет на горивата, но не во делот на сулфурот, но во другите параметри согласно стандардите, информираше Министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето на Топ Тема на Телма Телевизија.

— реклама —

Министерот информираше дека утре е крајниот рок кој го имаат надлежните институции да достават податоци за информацијата која што беше објавена за увоз на сомнителен мазут во земјата, а откако овие информации ќе се разгледаат од страна на Владата и ќе биде инфомирана јавноста и секако надлежните органи на прогонот, доколку се утврдат злоупотреби.

Министерот информираше дека од вчера заедно со Државниот пазарен инспекторат и државната мобилна лабараторија на Битрото за метрологија започнаа вонредни контроли за квалитетот на течните горива.

— реклама —

“Вчера беа направени вондредни контроли кај пет компании за горивата кои ги користат. Не можам да кажувам имиња, но станува збор за најголемите компании во земјата, кои покриваат 80 проценти од пазарот со нафтени деривати во нашата држава“, кажа министерот Бектеши и додаде дека планирани се контроли во сите десет компании кои што работат со трговија на нафтени деривати, а имаат над 300 бензиски пумпи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања