Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и директорот на ЕЛЕМ Турс, Адем Авзиу денеска го постија ски центарот Попова Шапка.
„Иако е година на пандемија, навистина се направени работи за подобрување на инфраструктурата, подобрување на квалитетот на услугите што се нудат на Попова Шапка. Ако се продолжи со ваква работа Попова Шапка, а и останатите центри можат да станат поконкурентни во регионот и на тој начин ќе е привлекуваат туристи. Ние ќе продолжиме со мерките за привлекување на странски туристи, но ќе ги помогнеме и домашните туристи за да се поттикне домашниот туризам во наредната година. Диретно или индиректно преку подобрување на услугите на нашите туристички центри ќе влијаеме на економскиот и локалниот развој, но и на регионалниот развој на целиот полошки регион“, изјави Бектеши.