„Претрес“: Ексклузивно за соѕиданите 350000 евра кај родителите на судијата, „Пулс“ и звучните имиња 11.02.2026

Беквалац пред и по обработката во фотошоп, еве како навистина изгледа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Магазин
Screenshot-2022-02-06-113754

Пејачката Наташа Беквалац на социјалните мрежи се огласи за својот изглед и испрати важна порака до оние кои ја следат.

— реклама —

- Убавина. Денес e приоритет и многу млади девојки сè почесто ги посетуваат пластичните хирурзи за да изгледаат како лицата од насловните страници. Треба да ви го напишам ова бидејќи добивам безброј пораки од вас во кои ми давате комплименти за сметка на „совршениот“ изглед.

— реклама —

Мора да разберете дека ниту една жена на светот не изгледа совршено. За да добие совршена насловна страница, а се почесто и фотографии на Инстаграм, јавните личности имаат цел тим од професионалци кои работат на тоа. Шминкер, фризер, креатор, стилист, фотограф и секако финална обработка на фотографијата која ги отстранува сите несовршености, физички маани, ги отстранува брчките, ја средува кожата и косата. Не заборавајте на совршеното осветлување, кое многу придонесува. Тоа е најважно.

— реклама —

Она што Фотошоп сигурно го нема е моќта да ја доцрта нашата харизма, духот, 'тоа нешто', внатрешната убавина, добрината... останатото е можно! Девојки, ви ја прикажувам мојата необработена фотографија и онаа што ќе излезе во јавност. Не, не сум совршена и не дозволувајте некој од нас да ви создава комплекси и несигурности, особено не во тие нежни години. Слушајте добра музика, сакајте се, бидете нежни со себе, наполнете си чаша од омиленото вино вечерва и бидете задоволни и среќни! За тоа не постои апликација! Ве сака вашата Беквалчева - заклучи пејачката.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања