На 23.10.2021 во 01.00 часот на ул.„Јане Сандански“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А.(24) од с.Јеловјане, тетовско, затоа што кај него биле пронајдени бела прашкаста материја и марихуана. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.10.2021 во 20.30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.М.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 23.10.2021 во 00.50 часот на ул.„Аминта Трети“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.С.(43) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.10.2021 во 11.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.И.(54) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 22.10.2021 во 22.00 часот во с.Дебреше, гостиварско, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишија од слобода Ѓ.М.(33) од с.Здуње, гостиварско и А.Б.(31) од Гостивар, затоа што кај нив била пронајдена бела прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.