Промени тема
Контакт

Белата куќа: Нема рок кога САД ќе го обезбедат Ормутскиот теснец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryabq8cv2koqk948R6I44

Белата куќа засега не открива временска рамка за плановите на САД за обезбедување на пловидбата низ Ормутскиот теснец, еден од најважните поморски коридори во светот.

— реклама —

Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека не сака да се „обврзе со рок“ кога станува збор за американските планови за безбедност на овој клучен поморски премин.

— реклама —

Таа додаде дека ситуацијата активно ја анализираат американското Министерство за одбрана, кое администрацијата на претседателот Доналд Трамп го нарекува Министерство за војна, како и Министерството за енергетика.

Ормутскиот теснец, кој е под контрола на Иран, е еден од најважните морски патишта за транспорт на нафта, низ кој поминува околу една петтина од светското снабдување со овој енергенс.

— реклама —

Техеран претходно соопшти дека теснецот е затворен за меѓународен сообраќај.

— реклама —

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека американската морнарица, доколку биде потребно, ќе почне да ги придружува танкерите низ Ормутскиот теснец, додека Иран предупреди дека ќе ги нападне бродовите што ќе се приближат до тоа подрачје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryl9eoil3ejtlt3FY55Hl

САД и Кина се клучни за трговијата со технологија на ЕУ; Европа сепак ја завршува годината со позитивен биланс.

Свет | пред 8 часа

— реклама —
morbili

Епидемија на морбили во САД: Пенсилванија надмина 1.000 заразени, пет лица починаа

Свет | пред 22 часа

media-library4d6nt33u1es1aBs3ZJ2

Трамп: Украина ги уништува руските рафинерии, тоа ги зголемува цените на бензинот во САД

Свет | пред 1 ден

media-libraryi04a8l1t1qu24CMgGSp

САД со ракетен систем на само 110 километри од Тајван – како ќе реагира Кина?

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања