Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Белата куќа: Разгледуваме потенцијални нови лидери на Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryk72ta83sla3kcR6v1Me

Белата куќа разгледува неколку можни кандидати за водење на Иран, изјави портпаролката Каролина Ливит, откако претседателот Доналд Трамп рече дека САД мора да учествуваат во изборот на следниот ирански лидер. „Знам дека има неколку лица на кои нашите разузнавачки агенции и американската влада обрнуваат внимание, но нема да навлегувам во повеќе детали“, додаде Ливит.

— реклама —

Претходно, Трамп изјави дека нема да има никаков договор со Иран освен „безусловна предавање“. „Претседателот со тоа сака да каже дека кога тој, како Врховен командант на американските вооружени сили, ќе процени дека Иран повеќе не претставува закана за САД и дека целите на операцијата „Епик Фјури“ се целосно остварени, Иран практично ќе се најде во состојба на безусловна предавање, без разлика дали тоа го признаваат сами или не“, објасни Ливит.

— реклама —

Ливит: Американската операција во Иран би можела да трае до шест недели

— реклама —

Американската воена кампања против Иран би можела да трае од четири до шест недели, рече Ливит. Доналд Трамп претходно наговести дека војната ќе трае приближно четири до пет недели, но дека може да потрае и „многу подолго“. Министерот за одбрана Пит Хегсет рече дека САД „ќе земат сè потребно време за да обезбедат успех“.

— реклама —

Пред состанокот на Трамп со главните добавувачи на оружје, Ливит додаде дека САД имаат доволни резерви на оружје за да ги задоволат сите оперативни потреби во Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library52u4i4co6s1m4lgWAkj

Најмалку осум загинати во серија пукотници во САД за време на Ноќта на вештерките

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx

Како изборите во САД можат да ја променат американската поддршка за Украина?

Свет | пред 4 часа

media-library5rg9vktsdai8cWyZrsT

Трамп тврди дека договорот за крај на војната во Украина е многу блиску

Свет | пред 1 ден

media-library362ucteqq34kcKqKHyw

(Видео) Крвав инцидент во САД: Едно лице загина, осуммина ранети во пукање пред стадион

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања