„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Белата палата неосновано шири паника кај граѓаните, пченица има доволно, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Pcenica

„ВМРО-ДПМНЕ како и многу пати досега се однесува неодговорно во време на најголема светска економска криза, неосновано шири страв и паника и предивзикува вознемиреност кај граѓаните“, вели СДСМ во реакција на прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Од СДСМ додаваат:

„Од Белата палата лажат за наводен извоз и реекспорт, бидејќи на сила е забрана за пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе на сончоглед и сончогледово масло.

— реклама —

Граѓаните да бидат спокојни, пченица има доволно, снабдувањето е во најдобар ред, а домашното производство е значително зголемено.

Благодарение на успешните земјоделски политики на СДСМ во изминатите пет години домашното производство на пченица е зголемено за над 50.000 тони.

Во 2017 година, домашното прозиводство на пченица било 195.888 тони, а во 2021 година изнесувало 253.674 тони.

Дополнителна помош и поддршка на домашното земјоделство во време на криза обезбедува Интервентниот фонд за земјоделство во вредност од 250 милиони денари, наменети главно за сточарство и производство на житни култури, но и за субвенционирање на набавката на вештачки ѓубрива и зелена нафта.

Додека СДСМ се грижи за граѓаните и презема мерки за непречено снабдување и ублажување на ценовниот шок, ВМРО-ДПМНЕ шири дезинформации, и предизвикува вознемиреност во јавноста“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytl3l53gqrrbl2aD5sGK

ВМРО–ДПМНЕ бара одговори за отписот на 2.000 тони жито и го поврзува скандалот со Трајан Димковски и Љупчо Николовски

Македонија | пред 3 седмици

media-librarytl3l53gqrrbl2aD5sGK

МВР: Уапсени поранешни директори и функционери од „Агро берза“ и Агенцијата за стоковни резерви

Македонија | пред 1 месец

media-libraryelarhefqn9s73kcxAyn

ОЈО: Поведена постапка против петмина за манипулации со стоковните резерви и штета од над 780 илјади евра

Македонија | пред 1 месец

media-librarye8ulct15nh015iZhtTM

Раководители, директор и поранешен заменик-министер под истрага: Од државните стокови резерви исчезнале „зрна“ вредни 780.000 евра

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања