„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

ВМРО–ДПМНЕ бара одговори за отписот на 2.000 тони жито и го поврзува скандалот со Трајан Димковски и Љупчо Николовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-librarytl3l53gqrrbl2aD5sGK

ВМРО–ДПМНЕ побара од институциите да соопштат каде завршиле околу 2.000 тони пченица и јачмен, проценети на околу 800 илјади евра, кои во периодот 2019–2021 биле отписани од државните стокови резерви. Партијата реагира по последната акција на истражните органи во која, покрај уште четири службени лица, е опфатен и поранешниот министер и заменик-министер за земјоделие Трајан Димковски.

— реклама —

Според ВМРО–ДПМНЕ, Димковски, кој бил и шеф на кабинет на Љупчо Николовски, поднел записник до Владата со констатација за кусок на житарици за периодот 2007–2021. Од партијата тврдат дека Владата, во состав во кој учествувале тогашните функционери Венко Филипче, Зоран Заев и Љупчо Николовски, го усвоила заклучокот без дополнителни проверки, иако, како што наведуваат од ВМРО–ДПМНЕ, во 2019 била направена целосна обнова на резервите и претходните контроли не покажале отстапки.

Оттаму оценуваат дека отписот бил направен и покрај тоа што житото, според нивните тврдења, било употребливо, додека вистинскиот кусок би можел да се однесува на периодот 2019–2021, кога цените на храната растеле поради пандемијата и енергетската криза. Партијата бара одговор дали дел од житариците завршиле на црниот пазар во соседни држави и дали од трансакцијата, покрај осомничените, профитирале и други поранешни функционери.

— реклама —

ВМРО–ДПМНЕ смета дека случајот треба целосно да се истражи и дека јавноста заслужува одговори за начинот на управување со стоковите резерви во тој период. Од институциите засега нема официјален коментар во однос на овие обвинувања.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarytl3l53gqrrbl2aD5sGK

МВР: Уапсени поранешни директори и функционери од „Агро берза“ и Агенцијата за стоковни резерви

Македонија | пред 1 месец

media-libraryelarhefqn9s73kcxAyn

ОЈО: Поведена постапка против петмина за манипулации со стоковните резерви и штета од над 780 илјади евра

Македонија | пред 1 месец

media-librarye8ulct15nh015iZhtTM

Раководители, директор и поранешен заменик-министер под истрага: Од државните стокови резерви исчезнале „зрна“ вредни 780.000 евра

Македонија | пред 1 месец

Pcenica

Белата палата неосновано шири паника кај граѓаните, пченица има доволно, вели СДСМ

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања