Белгиската компанија АБЕЕ ќе инвестира во Северна Македонија околу 40 милиони евра, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
22052023_VRSM_TIRZ-3

Економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат резултати, вели СДСМ

— реклама —

„И во време на светска економска и енергетска криза, македонската економија е конкурентна и атрактивна за големи странски инвестиции.

— реклама —

Белгиската компанија АБЕЕ ќе инвестира во Северна Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места, со просечна плата од 1.500 евра.

— реклама —

Фабриката за батерии за автомобили ќе се гради во технолошката зона во Кичево.

Благодарение на одговорниот и ефикасен пристап на Владата предводена од СДСМ во привлекување странски инвестиции, минатата година ја завршивме со рекордни странски директни инвестиции од 753,8 милиони евра“, се вели во соопштението..

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања