Белопета: Некој намерно ги криел документите во Министерство за култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
oliver-belopeta

Директорот на скопскиот Џез фестивал, Оливер Белопета во разговор за Фактор во врска со распределбата на средствата на Министерството за култура, изјави дека вакво водење на постапките за доделување на средства за годишната програма нема никаде на Балканот, а веќе ниту во африканските држави.

— реклама —

“Ова е период кога би сакале повеќе да разговараме за програми, но ете во 21 век Министерството за култура функционира како да се наоѓа во Бурунди и практично корисниците дури денеска нешто дознаа со кои средства може да располагаат. Инаку, на првата објава која беше на 8 февруари Џез фестивалот и Оф фест беа изоставени со образложение дека не сме поднеле документи, згора на се имаше груби зборови од министерот дека не сме сакале да поднесеме, дека сме настапувале од позиција на сила, а таква моќ во државата освен политичарите не знам дали ние обичните смртници ја имаме. Од фестивалот реагиравме дека се работи за комплетни невистини, тоа и се докажа бидејќи во меѓувреме во министерството се направи увид и се утврди дека сите документи постојат, најверојатно некој намерно ги криел што е можно кривично дело кај некој член од комисијата. Немаше потреба да доставуваме дополнителни документи", вели Белопета.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања