Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Белорусија испрати третина од својата војска на границата со Украина: Испраќаат уште

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
vojska-belorusija-x-epa

Белорусија синоќа соопшти дека испратила авиони, противвоздушни сили и оружје на границата со Украина, еден ден откако претседателот Александар Лукашенко изјави дека распоредил речиси една третина од вооружените сили на неговата земја долж границата.

— реклама —

„Групата е значително зголемена и моментално е на должност на јужните граници на нашата земја“, изјави за државната телевизија ЦТВ генерал-мајор Андреј Лукјанович, командант на воздухопловните сили и воздушните одбранбени сили на Белорусија.

На границата се распоредени авијација, противвоздушни ракетни сили и радиотехнички единици, рече Лукјановиќ, според транскриптот објавен на веб-страницата на ЦТВ.

— реклама —

Неколку дена по ненадејниот упад на Украина на руска територија, Лукашенко, лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, го обвини Киев за агресивна политика и испраќање на повеќе од 120.000 свои војници на границата со Белорусија, потсетува Ројтерс.

— реклама —

Украина соопшти дека не забележала зголемување на белоруските сили на границата и ги нарече забелешките на Лукашенко „реторика“ со цел да се смири Путин, кој ја користи Белорусија како „рампа за лансирање“ за да започне инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Лукјановиќ изјави за CTV дека Белорусија очекува повеќе испораки на воени авиони од Москва оваа година и дека Минск прави напори да ги зајакне своите системи против беспилотни летала.

— реклама —

„Очигледен е фактот дека беспилотните летала се зло на 21 век. Тоа е главоболка од која мислам дека ќе најдеме начин да се ослободиме“, рече Лукјановиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarysnmaa1rl2hgg7Xijxf1

Украина му зададе тежок удар на Путин со разурнувањето на Кримскиот мост

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-librarysith7ierrfmn68Wt5XU

Украина исчисти над 230.000 хектари од мини, неутрализирани повеќе од 260.000 експлозивни направи

Свет | пред 1 ден

media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Русија и Украина разменија нови воздушни напади, најмалку 16 лица се повредени

Свет | пред 6 дена

media-libraryfa87nutg2i1s4i0Tip1

(Видео) Украински дронови погодија енергетска инфраструктура и петрохемиски капацитети во Русија

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања