Македонскиот пејач Александар Белов неодамна на социјалните мрежи објави дека стана татко.
Александар и неговата сопруга Јелена добија ќеркичка за која го одбраа името Мина.
„Ти благодариме Боже што ни дозволи да станеме родители … @ jelena.belov ти благодарам што ни ја донесе нашата нова заедничка љубов … Се роди Мина Белов“, напиша пејачот.
Александар сега ја објави и првата фотографија со наследничката.
Имено, тој на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која се држи за рака со ќеркичката и сопругата, а во описот напиша:
-Никој не ни кажа дека тоа ќе изгледа вака. Никој и не можеше да ни каже. Ова е целиот наш живот, а нашата куќа стана дворец на среќата и љубовта.
