Името „Лилит“ крие група на врвни музичари, секој виртуоз на својот инструмент, кои денеска во јавноста го пласираа својот прв албум „Чудо“.
„Пред 3 години, во етерот заѕвони нашиот прв сингл насловен "Чудо". Од тој момент започна да се одмотува приказната за Лилит - патешествие кое несомнено влијаеше на нас најпрво како луѓе, а потоа и како музичари. Денес е посебен ден, круна на сите овие години творење...
Нашиот деби албум "ЧУДО" е тука! 12 звучни приказни кои немаше да звучат вака ако не беа нашите драги пријатели и соработници: Сашко Николовски, Иван Иванов, Дамир Имери, Зоран Костадиновски, Игор Атанасовски Харе, Дарко Илиевски, Јадранка Кристов, Петрит Сарачини, Стефанија Георгиева.
Дизајнот на омотот е дело на вештите раце на нашата Сара Трајковска.
Огромна благодарност и до сите вас кои не поддржувате низ годините. Албумот засега може да го купите во Апотека МКЦ“, велат од Лилит.
Вокал на „Лилит“ е Емилија Колоска, автор и басист е Трајко Симоновски, гитарист е Иван Петровски а зад клавијатури се појавува Филип Димишковски.
Нивниот албум можетеда го слушнете тука