Во овие трагични денови, кога изгореа 14 луѓе во болницата во Тетово, денес видовме едно појавување полно со злоба од страна на Премиерот Заев. Наместо да одговори за 14-те изгорени лица, наместо да даде одговор за трагичниот настан, тој на најгадлив можен начин се труди да го сокрие случајот, како што направил и во многу други случаи претходно, вели Вјолца Бериша, Претседателка на Собранието на Жените во Алијанса за Албанците.
„Запрашан од новинарите за случајот во болницата во Тетово, тој се смееше одговарајќи дека ова е банална работа, како да горењето во пожарот на 14-те луѓе да е затворена тема што не заслужува одговор.
Тој денес ги третираше граѓаните, нарочито Албанците коишто тој не ги смета ни за пет пари, како овци со кратко паметење што забораваат сè за три дена.
Како да не беше доволна оваа бедна појава на Заев, да настанот биде уште по ужасен се потрудија сервилната група околу него. На оваа скандалозна изјава тие и одговорија со аплаудирање.
Замислете! Еден премиер вели дека не вреди да се зборува за 14 живи изгорени и за ова добива аплауз!
Господине Заев, Вас и на вашата група може и да ви изгледа банално горењето на 14-те луѓе. Или пак можеби ви изгледа банално дека беа од тие кои што за вас не вредат ниту пет пари.
Но, ние ви гарантираме дека граѓаните не се овци со кратко паметење. Сте се навикнале секој скандал да го манипулирате како што сами вие знаете, но, да ви биде јасно дека нема да престанеме да бараме одговорност, додека правдата не дојде на свое место. И да бидете сигурни дека, или денес, или утре, правда ќе има“, додава таа.