Промени тема
Контакт

Беса со свое барање за да поддржи менување на Изборниот законик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
besa

Политичката партија од албанскиот блок Беса не поддржува модел со една, туку со три изборни единици. Ова го истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски по средбата со пратениците од Беса.

„Со колегите пратеници од Беса сме на заеднички став дека треба да има измени во изборниот модел со тоа што разликите се во бројот на изборни единици. ВМРО-ДПМНЕ смета дека би било подобро да биде една изборна единица, додека ставот на Беса е за три изборни единици“, изјави Милошоски.

— реклама —

Тој додаде дека главната заложба на сите е предложениот закон да влезе во собраниска процедура и да се одржи јавна дебата, а не да се чува, како што рече, во фиоката на спикерот Талат Џафери.

— реклама —

Милошоски додаде дека предложените закони не треба да се кријат, туку треба да се дискутираат, а мнозинството пратеници ќе си одлучат кој закон сметаат дека е поволен и граѓаните ги претставува на најдобар можен начин во законодавниот дом.

— реклама —

Од Алијанса на Албанците претходно се изјаснија за 8 изборни единици и отворени гласачки листи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања