Вчера се појавија информации во јавноста дека Беса транс повторно ќе превезува патници до Истанбул. Од агенцијата преку социјалните мрежи ја демантираа ова информација и велат дека во моментов се фокусирани на соработката со институциите.
„Во текот на денот 08.12.2021 г. се појавија шпекулаци дека Беса Транс Дооел ,наводно од јануари 2022 година повторно ќе врши превоз на патници (екскурзи) од Р. С. МАКЕДОНИЈА до Р. ТУРЦИЈА и обратно.
Во целост ги демантираме ваквите шпекулаци и ја информираме целокупната јавност дека Беса Транс Дооел ниту може , ниту сака да организира превоз( екскурзии), имено компанијата е фокусирана кон сооработка со институците на Р. С. Македонија и Р. Бугарија, а се со цел што побрзо да се утврдат причините како настанала страшната трагедија“, се вели во соопштението.