Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Беше морбидно, но тоа беше и целта“ – Тошковски за кампањата со телефонскиот број низ скопските билборди

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library8d3s4qsnc3nffoKSgYH

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека контроверзната кампања со билбордите низ Скопје, на кои имаше телефонски број што не одговараше на повиците, ја постигнала својата цел.

Кампањата беше спроведена под слоганот „Како звучи неодговорно возење?“, а граѓаните кои се јавуваа на бројот не добиваа никаков одговор.

— реклама —

„Беше специфично и морбидно она што го спроведовме, но тоа беше и целта“, рече Тошковски.

Тој објасни дека идејата била граѓаните директно да почувствуваат дел од реалноста со која секојдневно се соочуваат полицајците и лекарите по тешки сообраќајни несреќи.

— реклама —

„Она што за полицајците и докторите е секојдневие по сообраќајна незгода во Македонија, да биде момент кој ќе допре до секој граѓанин кој ќе се јави на овој број а нема да добие повратен одговор“, изјави министерот.

Според него, кампањата веќе дала резултати и ќе следува и втора фаза.

„Кампањата ја оствари целта во првата фаза. Ќе има и втора фаза“, кажа Тошковски.

— реклама —

Министерот посочи и статистика за намалување на бројот на жртви во сообраќајни несреќи.

„Во 2025 година имаме 47 жртви во првите четири месеци. Со кревање на овие прашања во јавноста, со водење на вакви кампањи, со активна имплементација на ‘Сејф сити’, се даде соодветен инпут за првите четири месеци оваа година да имаме 26 жртви“, рече Тошковски.

— реклама —

Тој додаде дека во Скопје, заклучно со април 2026 година, нема жртви во сообраќајни несреќи.

„Во Скопје, до април 2026 година, немаме жртви“, изјави Тошковски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjhiqq4a59kmafBs0uMd

МВР сè уште води полициски евиденции во тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

Македонија | пред 2 часа

— реклама —
media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

Тошковски изрази сочувство за загинатите во Бугарија и порача: Не треба да чекаме нова трагедија за да ја разбереме вредноста на мерките што можат да спасат човечки животи

Балкан | пред 2 дена

media-libraryrcf5k5gqhnll1vcdCpX

„Безбеден град“ се проширува: Мобилни камери и контроли на црните точки низ Македонија, најави Тошковски

Македонија | пред 3 дена

media-library7q3crr1ro5ff4NPulbW

Тошковски на проштална средба со амбасадорот на ОБСЕ: Соработката донесе конкретни резултати за македонската полиција

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања