Промени тема
Контакт

Бесими: Преку конкретни програми за соработка ќе се работи на подобрување на деловната клима меѓу Македонија и Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mf-1.2.2022-768x512-1

„Зајакнување на економската соработка, нови странски инвестиции во РС Македонија и Република Бугарија, но и интензивирање на изградбата на патниот и железничкиот коридор помеѓу двете земји што ќе придонесе кон зголемување на можноста за привлекување инвестиции“, ова беа заклучоците на средбата на владините претставници и стопанските комори од македонската и бугарската страна. Средбата беше одржана во рамки на првиот состанок на новоформираната работна група со Бугарија за економија, трговија и иновации, чиј организатор е Министерство за финансии.

Копретседавачи на овој настан беа министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за инвестиции и раст на Р Бугарија, Даниел Лорер. На настанот се обрати и вицепремиерот Фатмир Битиќи.

– Учеството на стопанските комори има важна улога во процесот на унапредување на економските односи меѓу двете држави. Преку конкретни програми за соработка ќе се работи на подобрување на деловната клима со цел да се зголеми обемот на инвестициите, а идеите и предлозите од бизнис заедницата имаат додадена вредност на веќе утврдените приоритетни области и програми, како и на оние кои ќе произлезат од нивна страна, нагласи Бесими.

— реклама —

Министерот Лорер потенцира дека ќе се работи на подобрување на бизнис климата, како и подобрување на инвестициите во иновативните компании и други финансиски инструменти. Воедно Лорер рече дека идејата на ваквата средба е да се слушне директно од бизнис заедницата кои се изгледите за инвестиции.

— реклама —

Претставниците на стопанските комори покажаа јасен интерес за зголемување на економската соработка и зголемување на инвестициите од земјите кои ги претставуваат во РС Македонија и Р Бугарија.

На средбата од македонска страна присуствуваа Антони Пешев, од Стопанска комора на Македонија, претседателот на ССК, Трајан Ангеловски, претседателот на стопанска комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, претседателот на АмЧам, Драган Давитков, директорот на Делегацијата на германско стопанство, Патрик Мартенс, претседателката на МАСИТ, Анета Антова Пешева, и претседателот на Mакедонско-Бугарска стопанска комора Кирил Лазаров.

— реклама —

Од бугарската страна беа присутни, АмЧам – Бугарија, од Асоцијацијата за иновации, од Бугарската асоцијација за инфоматички технологии, од Бугарската индустриска асоцијација, Бугарско-Македонската стопанска комора, Бугарско-Шпанската стопанска комора, Бугарско-Македонски бизнис клуб, и Француско-Бугарската стопанска комора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања