Актерката Весна Бејби Петрушевска преку социјалната мрежа фејсбук испрати порака и до „згрозеноста“ на пратеничката Емилија Александрова за интересот на јавноста за информацијата дека нејзината ќерка е вработена во Фондот за иновации, но и до сите пратеници.
Статусот на Весна Бејби го објавуваме во целост:
Да се разбереме , вие не сте јавни личности туку сте пратеници кои земате плата од нас,народот.Не дечки не сте привилегирани по ниту еден основ ниту имате право да ги вработувате вашите деца со стекнатите привилегии.Постојано ги учам моите деца од актерската школа дека аплаузот се заслужува,тој аплауз подразбира многу работа и време.И сега јас џабе го повторувам тоа на деца од најмала возраст до 16 годишна?Сакате јавноста да не биде груба со вас?Вие сте нешто посебно претпоставувам....посебни во вашата алчност и недоветност!Срам да ви е!Јас имам безброј пораки во кои мајки на деца со посебни потреби се на работ на егзистенција,јас работам сто работи за да преживеам со моите деца и ги учам дека се треба да научат сами и да се изборат во животот.
Нушиќ вели: Оној кој има срце нема гаќи!
Вие народните пратеници имате кожни гаќи,така ми се чини!
https://www.facebook.com/bejbimama/posts/10218655045306073