„Бесплатен превоз нема да помогне во решавањето на загадувањето“, Јовановски потенцира дека мерките кои даваат резултат се одбиени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Коментари
skopje-1

Горјан Јовановски, основач на апликацијата „Мој воздух“ смета дека бесплатен јавен превоз нема да помогне во решавање на проблемот со отровниот смог. Тој поосочи дека Зелен хуман град, има доставено предлози со чија имплементација ќе се намали загадувањето.

— реклама —

„Аерозагадувањето е повторно во пол ек, а привремен бесплатен јавен транспорт во денови на екстремна загаденост нема да помогне во неговото решавање. Како активисти кои долги години се борат на темата, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД има составено предлози кои и лани баравме да станат дел од буџетот на Град Скопје за 2021 година. Иако тогаш беа одбиени, сега повторно како амандмани ги поднесуваме, и се надеваме дека новата структура на советот ќе ја препознае нивната важност. Амандманите се тука: https://mojgrad.mk/sovet/#amandmani Дел од клучните амандмани за намалување на аерозагадувањето се: Хипер-мрежа на сензори за брза детекција на изворите на аерозагадувањето (посебно индустриските), Активирање на зелениот катастар на градот, и следење на секое дрво со негова помош, Поставување на компостари за био-отпад, со кои ќе се намали и до 60% на отпадот во депониите кои горат, Наместо пробивање нови улици, пробивање и закајнување на мрежата на вело-патеки и ленти, Зелени инвестиции, посебно за фотоволтаици на објектите на Градот. Секој што се дрзнува да ја загрози нашата животна средина, треба да се гони со максималната казна на законот!“, посочува Јовановски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања