Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Бесплатни мерења на притисок, шеќер и холестерол на плоштадот „Македонија“ по повод Светскиот ден на мозочниот удар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryv1n486efir4e7kImuCO
Photo by Robina Weermeijer on Unsplash

По повод Светскиот ден на мозочниот удар, 29 октомври, Универзитетската клиника за неврологија во Скопје организира активности за подигнување на јавната свест за превенцијата, препознавањето на симптомите и навременото лекување.

— реклама —

На 27 октомври, од 10 до 12 часот, пред платото на „Пелистер“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје, граѓаните ќе можат бесплатно да го проверат крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и да добијат проценка на ризикот од мозочен удар.

— реклама —

На 28 октомври, од 11 до 13 часот, на Клиниката за неврологија ќе се одржи Отворен ден, во чии рамки ќе се вршат бесплатни доплер-прегледи на каротидните артерии. Според најавата, прегледите ќе бидат достапни за сите заинтересирани граѓани, без ограничување на нивниот број во наведениот термин.

Централниот настан ќе се одржи на 29 октомври, со почеток во 10 часот, во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. На него ќе присуствуваат министерот за здравство, проф. д-р Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, м-р Златко Перински, и в. д. директорот на Клиниката за неврологија, асист. д-р Јован Божиновски.

— реклама —

Од Клиниката потсетуваат дека брзото препознавање на симптомите и навременото добивање медицинска помош се од клучно значење за намалување на последиците од мозочниот удар и спасување човечки животи.

При ненадејно искривување на лицето, слабост на раката или нарушување на говорот, веднаш треба да се повика итна медицинска помош.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања