Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Без дозвола, без договор, без заштита – трагедијата на Вардар со фатален исход доби обвинети и обвинение

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
DSC_0289

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен акт против едно физичко и едно правно лице од Неготино, поради тешки дела против општата сигурност и предизвикување општа опасност, по членови 292 и 288 од Кривичниот законик.

Според обвинението, настанот се случил на 21 јули 2021 година, кога обвинетиот, во својство на сопственик и управител на фирма што изведувала работи на сепарација на реката Вардар, не ги почитувал законските прописи и мерки за заштита при работа. Поради сериозни пропусти во безбедноста, еден работник го загубил животот, а друг се здобил со телесни повреди.

— реклама —

Истрагата утврдила дека управителот ангажирал лице без договор за вработување, без да провери дали поседува соодветна возачка дозвола и без да му обезбеди безбедни услови за работа. Починатиот Петар Мицев управувал со тешко моторно возило – камион на сепарацијата кај местото викано „Пумпите“.

— реклама —

Додека вршел превоз на песок од реката Вардар, камионот се движел по импровизиран чакален насип, тесен и без заштитна ограда, со реката од двете страни. Во еден момент возилото се превртело и паднало во Вардар. Совозачот успеал да излезе од прозорецот и да исплива, при што се здобил со повреди, додека возачот останал заробен под возилото и починал на лице место.

— реклама —

Во рамките на постапката, обвинителството обезбедило докази и против вработен во АД „Водостопанство на РСМ“ – Подружница Тиквеш – Кавадарци, кој во својство на службено лице потпишувал испратници со невистинита содржина. Со тоа, според обвинението, тој сторил продолжено кривично дело – фалсификување службена исправа, по член 361 став 1 од Кривичниот законик.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrrt0tv5svj655mVuorG

Освен филерите, имало и препарати за славеење: постапка против три лица за криумчарење – меѓу нив и сопственичка на салон

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library9ir48mipd1e645jzUSp

Фатен педофил вработен во училиште во Гостивар: намамил, ја уценувал и објавил експлицитни материјали од 14-годишно девојче

Македонија | пред 2 седмици

krazba

Со тесла упаднал во маркет, украл 52.900 денари, па се обидел повторно: уапсен косовски државјанин

Македонија | пред 3 седмици

media-library74m17ss756e5aP4YzoF

Татко и двајца синови осомничени за брутален напад на гробишта во Бутел

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања