СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.С.(50) од с.Теарце, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.
На 24.01.2022 од полициски службеници при СВР Тетово, кај градскиот стадион во Тетово, при извршена контрола на минибус „мерцедес спринтер“, сопственост и управувано од пријавениот, било констатирано дека во возилото се превезуваат 12 патници, додека пријавениот не поседувал соодветна документација за вршење на јавен превоз на патници.