Истрагата не е попречена, проверките во затворите се редовни, не постапуваме селективно. Ова е ставот на Народниот правобранител, Насер Зибери, откако негов тим беше во затворот „Скопје“ во Шутка да види дали се почитуваат правата на притворениците осомничени во случајот „убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски“. Оттаму за „Скопје1“ посочуваат дека без најава извршиле проверки и разговори со притворените лица осомничени во постапката.
„Народниот правобранител-национален превентивен механизам има надлежност редовно да го испитува постапувањето кон лицата лишени од слобода и да дава препораки на релевентните органи со цел подбрување на постапувањето и условите во местата за лишување од слобода. Прземемањето на овие дејствија е континуитет во работата на народниот правобранител и тоа како по поединечни преставки, така и по сопствена иницијатива. Притоа Народниот правобранител воопшто не постапува селективно и нееднакво и без никакво влијание од страна, посебно што станува збор за сензитивна група на лица ( лишени од слобода) и што институцијата е едниствената која има вакви надлежности. При својата работа народниот правобранител во ниту еден сегмент не ја попречува истрагата што кон овие лица ја водат надлежните органи, ниту пак ја прејудицира нивната одговорност /неоодговорнсот за делата кои им се ставаат на товар“, велат од Канцеларијата на Народниот правобранител за „Скопје1“.
Тие тврдат дека преземаат мерки при секоја пријава или по допрен глас.
„Неспорен е заклучокот дека народниот правобранител во никој случај при преземањето на неговите дејствија не се раководи од тоа дали лицата на кои им е ограничена слободата на движење се познати на јавноста.Впрочем и Годишните извештаи на народниот правобранител во делот казнено-поправни и воспитно поправни установи, како и на Националниот превентивен механизма се темелат на утврдени состојби согласно овие континуирани посети. Во овој сегмент воопштно не е спорно дека народниот правобанител за превемање на вакви декствја во изминатиот временски период повод му биле, покрај барањата на адвокатите или блиските лица лишени од слобода и информациите објавени во јавноста“, додаваат оттаму за „Скопје1“.
Како што веќе објавивме, од утрово, тим на Народниот правобранител е во затворот „Скопје“ во Шутка. Целта била да се утврди дали се почитуваат правата на притворените лица кои се осум дена во притвор.
Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче
Тим на Народниот правобранител влезе во затворот „Скопје“ во Шутка, за да провери дали им се прекршени правата на осомничените лица за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и на лицата осомничени за помагање при извршувањето и бегството на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Тимот кој влегол во затворот, се интересира за состојбата на ќелиите во кои осомничените се сместени, нивната здравствена состојба, како и во каква состојба го издржуваат притворот.„Скопје1“ побара објаснување од Народниот правобранител, Насер Зибери, зошто се решиле на надзор токму кај осомничените за двете убиства. Прашања испративме и до неговиот тим, од каде чекаме нивен став на прашањето – дали е оправдан впечатокот дека надзори вршат само кај притвореници од високопрофилни случаи, како и високопрофилни притвореници. Оттаму најавија и очекуваме одговор. [дополнување - одговори на прашањата]Проверките дали во затворот им се почитуваат правата на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски, доаѓа по само осум дена откако тие завршија во притвор. Тројца од нив, односно, Манев, Кешишев и Видевски признаа вина и што правеле при киднапирањата и убиствата. Обвинителството побара, судот одобри притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци. Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.
Македонија | пред 2 години