„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Народниот правобранител во затворот во Шутка, проверува дали им се почитуваат правата на осомничените за убиствата на Вања и Панче

објавено пред 2 години -

Македонија
vanja-ubijci-osomniceni

Тим на Народниот правобранител влезе во затворот „Скопје“ во Шутка, за да провери дали им се прекршени правата на осомничените лица за киднапирање и убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, како и на лицата осомничени за помагање при извршувањето и бегството на осомничениот Љупчо Палевски-Палчо, дознава „Скопје1“. Тимот кој влегол во затворот, се интересира за состојбата на ќелиите во кои осомничените се сместени, нивната здравствена состојба, како и во каква состојба го издржуваат притворот.

— реклама —

„Скопје1“ побара објаснување од Народниот правобранител, Насер Зибери, зошто се решиле на надзор токму кај осомничените за двете убиства. Прашања испративме и до неговиот тим, од каде чекаме нивен став на прашањето – дали е оправдан впечатокот дека надзори вршат само кај притвореници од високопрофилни случаи, како и високопрофилни притвореници. Оттаму најавија и очекуваме одговор. [дополнување - одговори на прашањата]

Проверките дали во затворот им се почитуваат правата на Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, како и на осомничените за помагање, Александар Ѓорчевски и Стефан Димковски, доаѓа по само осум дена откако тие завршија во притвор. Тројца од нив, односно, Манев, Кешишев и Видевски признаа вина и што правеле при киднапирањата и убиствата. Обвинителството побара, судот одобри притвор поради опасност од бегство и влијание врз сведоци.

— реклама —

 

Сите моменти од истрагата за убиствата на Вања и Панче, можете да ги проследите тука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања