Промени тема
Контакт

Без трошка емпатија, ВМРО-ДПМНЕ гласаше против Анкетна комисија за Кочани - ново разочарување за семејствата, вели Спасовски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-library7fefgsr0flr3fRv4lYr

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, остро ја критикуваше владејачката ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што пратениците од мнозинството не гласаа за формирање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани. Како што истакна, иницијативата поднесена од СДСМ и Левица, а поддржана и од Европскиот фронт, била спречена без трошка емпатија за семејствата на загинатите и повредените.

— реклама —

Спасовски нагласи дека се вратило време на партиски директиви, „протест и контрапротест“, а денешното гласање покажало дека мнозинството поддржува исклучиво иницијативи што доаѓаат од нив самите. Според него, тоа претставува ново понижување за семејствата кои ја загубија својата најблиска роднина во пожарот во дискотеката „Пулс“.

— реклама —
— реклама —

„Родителите чекаат барем трошка надеж и малку човечност, а денеска институциите уште еднаш не застанаа на нивна страна“, порача Спасовски, оценувајќи дека парламентот пропуштил ретка шанса за единство и солидарност.

— реклама —

Тој истакна дека одбивањето на комисијата е уште еден доказ дека „власта се плаши од вистината за Кочани“, додавајќи дека СДСМ и понатаму ќе се бори за правда, отчетност и целосно расветлување на трагедијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys0lb578io3ki5vgSpJt

ВМРО-ДПМНЕ најавува нов инвестициски циклус во Карпош: Градинка, спортски сали и мега-парк

Скопје | пред 6 часа

— реклама —
media-library7thikieu6j2a3vq7YAJ

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика Филипче: Ако има докази за 37 милиони евра кај хеликоптерите, нека ги достави во Обвинителството

Македонија | пред 7 часа

media-librarytl4s1o9tc5madjcapdP

Од внатрепартиска пресметка до Обвинителството: ВМРО-ДПМНЕ бара предмет за хеликоптерите на Петровска

Македонија | пред 1 ден

media-library4mr90ecno7407VIyD4u

„Филипче уценет и исплашен, му должи на Зоран Заев, му должи и на Румен Радев па западна во специфична психолошка состојба“, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања