Поради уличен дефект на водоводна мрежа со профил Ф-100 милиметри на улицата „Питу Гули“ број 31, денеска, 21 септември, ќе има прекин во водоснабдувањето на корисниците од повеќе улици.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека без вода ќе останат корисниците од улиците „Питу Гули“, „Димитар Пандилов“, „Ганчо Хаџипанзов“, „Капиштец“ и „Ловќенска“ – крак 1, 3, 5 и 7.
Прекинот во водоснабдувањето започнува во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности за санација на дефектот.