„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Без вода ќе останат болниците на Клинички центар и дел од Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

ЈП Водовод и канализација Скопје во континуитет работи на реализација на проекти и технички зафати со цел подобрување на водоводната мрежа во град Скопје, како и подобрување на услугите за граѓаните.

— реклама —

Во таа насока е и проектот за изградба на водоводна мрежа со чија реализација трајно ќе се реши долгогодишниот проблем со водоснабдувањето во 12 населени места во општина Сарај. Реализацијата на овој технички зафат со кој ќе се изврши приклучокот на мрежа ќе се спроведе на 25.05.2024, сабота со почеток во 21 часот и се предвидува истата да заврши до 5 часот наутро во недела, на 26.05.2024.

Заради реализација на оваа реконструкција се очекува намалување на притисокот на водоснабдувањето за граѓаните во општина Сарај и дел од општина Ѓорче Петров.

— реклама —

Во истиот период 25.05.2024, сабота од 21 часот до 05 часот наутро во недела, 26.05.2024 ќе се спроведе и реализација на реконструкција на водоводна мрежа во Центар и тоа реон Водно, со чија реализација и целосна замена на старата со нова мрежа ќе се овозможи подобро водоснабдување за граѓаните во овој дел на градот без дефекти и загуби на вода.

Во текот на изведбата на оваа реконструкција, прекин на водоснабдувањето ќе имаат дел од жителите од реон Водно и Козле, Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата Козле-Скопје, Вила Водно и резиденцијални објекти во реон Водно.

За покривање на потребите за вода за пиење во здравстевните установи цистерни со питка вода ќе бидат поставени пред Клинички Центар „Мајка Тереза“ и Детската болница „Козле“. Исто така цистерни со вода за пиење ќе бидат подготвени во Дежурната служба на Водовод Скопје, кои на повик ќе гравитираат врз основа на потребите на граѓаните од реоните Сарај и Водно во периодот од 21 до 05 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања