ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Без вода на Водно и Црничe: Претседателската резиденција и стотици домови „жедни“ во пеколни горештини

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
Vila-Vodno

Во срцето на Скопје, на ридовите каде што се издигнуваат елитните згради и куќи со базени, граѓаните веќе неколку дена немаат ни капка вода. Претседателската резиденција на Водно е целосно без вода, а и во познатата вила Водно има само слаб притисок. Истата судбина ја делат и жителите на населбите Водно и Црниче, кои се очајни поради долгите и чести прекини на водоснабдувањето, токму во денови со исклучително високи температури.

— реклама —

Гневот расте – улиците се блокираат, а граѓаните веќе не прифаќаат извинувања и повици за штедење. Велат дека со денови не можат да се избањаат, да подготват храна, да одржат хигиена во домот. Според нив, состојбата е веќе алармантна, а институциите доцнат со решавање на проблемот.

Според ЈП Водовод и канализација – Скопје, главниот проблем е преголемата потрошувачка во попладневните часови и преоптоварениот водоснабдителен систем. Во соопштението до јавноста тие апелираат граѓаните да не ја трошат водата за полевање, перење возила и полнење базени – дејности кои, според претпријатието, дополнително го влошуваат снабдувањето, особено во високите зони како Водно.

— реклама —

Но, жителите не прифаќаат да бидат виновници за нешто што институциите со години наназад го игнорирале – застарената водоводна мрежа, која веќе не може да го поддржи темпото на градежната експанзија. Водно, некогаш зелена и мирна зона со неколку семејни куќи, во последната деценија се претвори во урбана џунгла со масовна изградба на луксузни згради со десетици станови и големи приватни имоти со базени – сите приклучени на истиот дотраен систем.

Систем што пука по шавови

Ниту претседателската резиденција, ниту граѓаните на Водно и Црниче се поштедени од последиците на овој урбанистички хаос. Најзасегнати се куќите и зградите на улиците Славејко Арсов и Салвадор Аљенде, каде што водата или целосно ја нема преку ден или се појавува со минимален притисок по полноќ.

„Градиме на големо, а никој не инвестира во нова инфраструктура. Старите цевки не можат да издржат. Ова веќе не е само неудобност, ова е кризна состојба“, предупредуваат граѓаните.

Протести и закани за радикализација

Синоќа, револтирани жители на Водно излегоа на улиците, поставија блокади и јасно порачаа дека нема да отстапат се додека проблемот не се реши трајно. Протестите ќе продолжат и ќе се радикализираат, велат, ако водата не се врати во чешмите.

Проблемот со водоснабдувањето во повисоките делови на Скопје не е нов, но досега никогаш не бил толку критичен. Водовод бара разбирање и рационалност, но жителите бараат одговорност, инвестиции и – итно решение. Водно не е само елитна населба. Таму живеат и семејства, деца, стари лица. А сите тие – без вода – се оставени на милост и немилост на жештините и институционалната инертност.

Анита Буховски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања