Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Бигорскиот манастир в недела ќе прослави 1000 години од основањето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
bigorski

Во недела, на 18 октомври, ќе се одржи главната и централна прослава на великиот јубилеј: 1000 години од основањето на Бигорскиот Манастир.

— реклама —

Најнапред, во сабота, на 17 октомври, со почеток во 18:00 ч. ќе биде отслужена архијерејска Вечерна богослужба, на којашто молитвено ќе претстои, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во недела, на 18 октомври, со почеток во 9:00 ч. ќе биде отслужена Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

— реклама —

По завршетокот на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата г. Стево Пендаровски.

— реклама —

Во продолжение, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Со цел запазување на мерките за здравствена заштита, целата програма на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на Манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и видео-екран. На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари.

— реклама —

– Гостите што ќе присуствуваат ќе бидат дел од историската милениумска прослава на Свештениот Бигорски Манастир, којшто цели десет века е сенароден светилник кој го покажува патот кон возвишеното, светото, благородното, патот кон спасението и обожението во Христа. Но, и за оние коишто нема да бидат во можност физички да присуствуваат, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал, велат од Бигорскиот Манастир.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања