Долготрајното изложување на чад од депонии може сериозно да го загрози здравјето на трудниците и развојот на фетусот, предупредува д-р Биљана Ѓурска, специјалист по хомеопатска медицина.
Денеска продолжувам со Последиците од Продолжена Изложеност на чад од Депонии.
Следната ризична група:
Влијание кај трудниците и фетусот
Трудниците се уште поосетливи, бидејќи загадувањето влијае директно врз нив и индиректно врз плодот:
1. Пренос преку плацентата:
- Фини честички (PM2.5) и токсични материи можат да навлезат во крвотокот и да стигнат до плацентата.
-Се документирани случаи на микроскопски честички пронајдени во плацентата.
2. Ризици за бременоста:
- Предвремено породување.
- Ниска родилна тежина.
- Интраутерин заостанат раст.
- Зголемен ризик од спонтани абортуси.
3. Мајчино здравје:
- Поголема веројатност за развој на гестациска хипертензија и прееклампсија, поради воспаление и оштетување на васкуларниот ендотел.
- Зголемено оптоварување на срцето и белите дробови – особено кај жени со постоечки хронични болести (астма, хипертензија).
4. Долгорочни ефекти врз детето:
Децата изложени во пренатален период имаат поголем ризик од астма, алергии, нарушен когнитивен развој и метаболички болести подоцна во животот.
Дополнителна информација дека чадот не е само лош мирис кој го детектираат нашите сетила:
Кога депонијата е запалена, покрај класичните гасови (метан, CO₂, H₂S), се создаваат и високо токсични соединенија:
Диоксини и фурани – познати канцерогени, влијаат на ендокрин систем и развој на фетусот.
Полициклични ароматични јаглеводороди – канцерогени и мутагени, особено опасни за клетките во развој.
Јаглерод моноксид (CO) – го намалува снабдувањето со кислород, што кај трудници води до фетална хипоксија и оштетувања на мозокот.