„Билјана се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
kir0628

“Позната причината за смртта на познатата актерка” – се огласија утрово нашите експерти во новинарството (секоја чест на исклучоците). Познат е начинот на кој завршил животот на оваа преубава жена, која се обидуваше да се носи, во секој поглед, во суровиот и бескрупулозен свет на сопки, одмазди и непријателства. Причината за тоа зошто посегнала по својот живот ја знае само таа, а блиските веројатно претпоставуваат. Се изначитав утрово колку била успешна, моќна, убава, мајка на две деца и многу слични нешта.

— реклама —

И успешните, талентираните и моќните имаат душа, и мајките се човечки суштества, и убавите жени се само кревки луѓе со сите човечки потреби. Тажно завршена приказна на една жена, која не можела да се избори со својата немоќ да ги исполни очекувањата на сите околу неа, а сепак да биде среќна. Осаменоста не се отсликува со отсуството на луѓе околу вас, туку со неможноста да се разговара со луѓето за тоа што е значајно за вас или неприфаќањето на вашите уверувања.

— реклама —

Свет во кој се плашите да бидете среќни затоа што и пријателите ве гледаат завидливо, во кој парите, политиката, моќта, власта се приоритет, а личната среќа на луѓето споредна работа.

— реклама —

Тажна е вистината дека човечкиот живот се состои од збир на непомирливи спротивности, а која од нив ќе надвладее зависи од многу фактори. Жал ми е за тагата на семејството и за децата без мајка, но, најмногу ми е жал за Билјана која веројатно се измори да се бори и да биде силна, а никој не и пружи рака на поддршка. Почивај во мир генерацијо.

— реклама —

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2568232706581289&id=100001837551878

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 5 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања