Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски вели дека БЕГ ќе остане без лиценца во моментот кога ќе престане да испорачува топлинска енергија.
„Предлогот што го понуди БЕГ за Регулаторната комисиjа е неприфатлив, имајќи предвид дека сите опции што ги понудија и Регулаторната комисија и Владата, БЕГ и ТЕ-ТО ги одбија. Се разбира дека одговорноста за снабдување со топлинска енергија ќе си ја преземе Владата кога веќе БЕГ кажува дека тоа нема да може да го прави од сабота, но затоа Регулаторната комисија ќе им ја одземе лиценцата за работата. Дополнително, нека не очекуваат некој друг да им го реши проблемот за тие во мај да се вратат како принцеви на бели коњи. Сè што треба да преземе државата за да си ги заштити граѓаните, ќе преземе“, вели Бислимоски за САКАМДАКАЖАМ.МК.
Целиот текст можете да го прочитате тука