Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, претпладнево во „Студио 10“, рече дека зголемувањето на цената на електрична енергија за 2022 за домаќинствата и малите потрошувачи ќе биде поголема од 10 отсто, наспроти тврдењата на министерот за економија Крешник Бектеши дека нема да биде поголема од тој процент.
„Очигледно е дека ќе има покачување на цената на електричната енергија, минатата недела трите компании испратија барања. Сите компании ќе треба да излезат од својата конфорна зона, ќе треба да дадат дополнителни напори за да се преживее оваа година. Постои незадоволство кај компаниите, но во кризна година сите треба да го понесеме товарот.
За РКЕ се неприфатливи драстични ценовни шокови, затоа што ќе имаме проблеми со наплатата. Во време на криза треба сите да сме солидарни, да се подготвиме за една тешка година. Се уште немаме конкретна проценка колку ќе се покачи цената на струјата. Министерот рече дека ќе е под 10%, други велат 70% - во непријатна ситуација сме затоа што многумина кажуваат за цената, а РКЕ ќе ја понесе на крај одговорноста.
ЕСМ годинава понуди 41 евро за мегават час, претходно беше 36,1 евро. ЕСМ презема обврска се да направи за да избегне увоз на електрична енергија“ - вели Бислимоски.
Првиот регулатор откри дека систем операторот за пренос МЕПСО се побарал уште поголемо зголемување на трошоците во однос на првичното барање. Наместо 60 проценти зголемување, како што беше првично побарано, сега тоа е 83 отсто.
- Барањата на МЕПСО е 82,83 отсто зголемена , не е 60 отсто. Електродистрибуција побара 100 проценти. Во моментов само од овие две компании 40 отсто зголемување е побарано на сметките за домаќинства и мали потрошувачи. Дел од профитите кои што им се гарантирани, ќе ги тргнеме оваа година. Компаниите ќе изглезат од комфорната зона, рече Бислимовски.