Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
market-pari

Пратениците на СДСМ поднесоа предлог-законот за намалување на ДДВ-то за струја и основните прехранбени продукти и бараат поддршка тој да се прифати, со што ќе се намали ДДВ-то за електричната енергија од 18% на 5%, како и за основните прехранбени производи, од 5% на 0%. Со ова ќе им се помогне на граѓаните, а секое одложување и неприфаќање значи финансиски товар врз семејствата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на денешната собраниска седница.

— реклама —

Тој потенцираше дека намалувањата на ДДВ за струја и основни прехранбени производи се системски одговор на скапотијата, која со секој изминат ден станува се потешка. Според последните податоци граѓаните во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот со просечна цена од 6,08 денари за киловат-час, а зголемена е и потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец.

— реклама —

- Индексот на трошоците на животот во јануари е за 4,9% повисок во споредба со истиот месец, од лани, додека индексот на цените на мало бележи раст од 5,2%. Ова е реалност што граѓаните ја чувствуваат при секое одење во маркет, при секоја платена сметка за струја. Затоа замрзнувањето на цените на нивото од 1. февруари не е целосно решение, затоа што цените се зголемија па се одлучи да се замрзнат. За тоа што се случува во реалниот живот зборува вредноста на потрошувачката кошница која во февруари достигна 63.773 денари, што е зголемување од 521 денар за само еден месец. Денес, за да се задоволат основните потреби, едно семејство треба да издвои 2,9 минимални плати, што е јасен показател дека просечниот граѓанин едвај врзува крај со крај, рече Битиќи.

— реклама —

Намалувањето на ДДВ-то за електричната енергија, потенцираше Битиќи, ќе значи конкретно финансиско олеснување за над 600 илјади домаќинства, кои во јануари мораа да платат од 20 до 30% повисоки сметки за струја. Владата во делот на енергетиката потфрли.

— реклама —

- Податоците се поразителни. Во ноември, официјално планираниот увоз на струја од соседните земји беше 0 GWh, но реалноста беше поинаква – увезени беа 351,3 GWh. Истото се случи и во декември – повторно планиран увоз од 0 GWh, а фактички беа увезени 425,7 GWh. Граѓаните се изложени на милоста и немилоста на увозните цени на струјата. Затоа и сметките растат. Поради што и овие измени и дополнување се неопходни. Со нивното усвојување за сметка од 3.000 денари за струја, граѓаните ќе заштедат околу 400 денари месечно, а за сметка од 5.000 денари, заштедата ќе изнесува околу 700 денари, рече Битиќи.

Со предлогот за укинување на ДДВ-то за основните прехранбени производи најголема корист ќе имаат домаќинствата со ниски примања, кои трошат најголем дел од своите приходи на храна. Наместо несоодветни и половични мерки, како што е замрзнувањето на маржите само на 102 групи на производи, ова решение ќе ги опфати сите 238 групи на производи. Ќе имаме поевтинување на над 3.000 основни прехранбени продукти – леб, брашно, млеко, јајца, шеќер, масло и многу други. Предложените измени и дополнувања на Законот за данокот на додадена вредност не се за СДСМ, не е за власта, не е за опозицијата – тие се за граѓаните. Нивното усвојување ќе значи пониски сметки за струја, поевтина храна и помала инфлација, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypf1ndbblej5ceh3XlCx

Филипче на Х: „Промакедонската“ партија на Мицкоски, во која половина имаат бугарски пасоши, не сака да биде македонска

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-librarya6c1psbkkpqs88n6Ilf

„Уште едно признание на ВМРО-ОКГ дека се со бугарски пасоши, го одбија законот за двојни државјанства на СДСМ“, велат од СДСМ

Македонија | пред 7 часа

media-librarysf0ivmkdgkk36EDguXY

Шукова: „Форумот на жени на СДСМ против омразата и навредите на Миленко и Тасевски, најавува и пријави“

Македонија | пред 8 часа

media-librarythppdii899tk9On5Afy

„Македонија шеста најсиромашна земја во Европа – Мицкоски раскажува бајки“, велат од СДСМ

Македонија | пред 9 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања